Почетна | Регистрирајте се! | Контролен панел | ЧПП | Форум | ADMIN.MKD.NET

Официјален правилник на MKD.NET

Ние (тимот на MKD.NET) оперираме со сервис наречен MKD.NET и ние би сакале вие да го користите. Нашиот основен сервис е бесплатен! Нашиот сервис е дезајниран да ви даде тотална контрола и сопственост над тоа што го поставувате на вашиот сајт и ве поттикнува да се изразувате слободно. Меѓутоа, бидете одоговорни во она што го креирате. Особено внимавајте да не објавите некоја од забранетите содржини наведени подолу или да линкувате до вашиот сајт (спам, вируси, расистички содржини, порнографија ...) Прочитајте го правилникот и согласете се со него пред да започнете.


1. Опис на услугата што ја нудиме
MKD.NET им предлага на корисниците неколку услуги: бесплатен веб хостинг, користење на нашите именски опслужувачи, бесплатен веб простор, бесплатен трансфер на податоци и многу повеќе. MKD.NET тимот се стреми кон подобрување на услугата и воведување на нови сервиси кои би биле од полза на корисниците на MKD.NET.

2. Твојот MKD.NET Корисник и Сајт
Ако креирате сајт на нашиот сервер, вие сте отговорни за одржувањето на сигурноста на вашиот профил и сајт, и вие сте целосно одговорни за сите активности кои се одвиваат на вашиот корисник и други случувања во врска со вашиот сајт. Не смеете да доделувате клучни зборови (keywords) за вашиот сајт во погрешно заведувачки и незаконски начин, вкучувајки ја и намерата да се користи името или репутацијата на други, и MKD.NET може да го промени или отстрани овој опис што се смета за несоодветен или незаконен, или би не инволвирал нас од MKD.NET. Мора веднаш да не известите нас од MKD.NET за секакви недозволени упади на вашиот сајт, вашиот профил или били какви упади во сигурноста. MKD.NET нема да биде одговорен за било какви акти од Вас, вклучително и штетите од секој вид причинети како резултат на ваков акт.

3. Одговорноста на Корисниците
Ако оперирате сајт, коментирате на сајт, постирате материјали на сајт, постирате линкови на сајт, или на друг начин (дозволувате 3та страна да постира) материјали достапни на сајтот (сите вакви материјали, "Содржини"), Вие сте тотално одговорни за содржината и сите штети нанесени од таа содржина. Ова е безобѕир каква Содржина е во прашање вклучуваќи текст, графика, или аудио/видео фајл, или софтвер. Со објавувањето на содржини, вие представувате и сте гаранција дека:



4. Такси и плаќање
Дополнително платени сервиси како додатен веб простор, домен регистрација или платен хостинг сега за сега не се возможни. Но сепак има начин да се добијат од MKD.NET на начин наведен од MKD.NET. Сегашните услуги се тотално бесплатни!


5. Одговорност на посетителите
MKD.NET  не ги прегледува, и неможе да го  прегледа  сите материјали, вклучувајќи компјутерски софтвер, објавен на  веб страната,и затоа неможе да биде одговорен за нивната содржина,намена или ефект.Оперирајќи со веб страната MKD.NET  не ги претставува или имплицира дека ги одобрува материјалите кои се постирани,ниту дека верува дека тие материјали се корисни a не штетни.Вие сте одговорни да бидете предпазливи за да се заштитите од вируси, Тројанци, и други штетни и деструктивни содржини.Веб страната може да содржи содржини кои се навредливи,непожелни,како и содржина која содржи технички неправилности и други грешки. Веб страната исто така може да содржи и материјали кои ја нарушуваат приватноста или граѓанските права, или непочитуванје на интелектуалната сопственост и други сопственички права, или трети лица, или префрлање, умножување или употреба на материјал кој подлежи на одредени правила и услови. MKD.NET откажува секаква одговорност од евентуални штети настанати од употребата на посетителите на веб страната,или од симнувањето на содржините кои се објавени.


6. Содржина објавена на други сајтови
MKD.NET  не ги прегледува, и неможе да го  прегледа, целиот материјал, вклучувајќи компјутерски софтвер, објавен на  веб страната, и затоа неможе да биде одговорен за нивната содржина, намена или ефект. што линкуваат до MKD.NET. MKD.NET нема контрола врз надворешни сајтови кои не линкуваат и не сме одговорни за содржината која тие ја објавуваат. Вие сте одговорни за преземање мерки при потребата да се заштитиш себеси и твојот компјутер од вируси, црви, Тројанци, и други штетни и деструктивни содржини. MKD.NET се одрекува од одговорност за било каква штета при користење на вакви сајтови!


7. Интелектуална сопственост
Оваа спогодба не префрла од MKD.NET до вас било каква MKD.NET интелектуална сопственост, и сите права, наслови ќе останат (помеѓу двете страни) единствено на MKD.NET, MKD.NET логото, и сите други заштитни знаци, графика и логоа користени во врска со MKD.NET, или сајтот и заштитниот знак на MKD.NET е сопственост на MKD.NET. Вашата употреба на сајтот не ви доделува никакво право или лиценца да го репродуцирате (освен со дозвола на MKD.NET) MKD.NET заштитениот бренд.


8. Промени
MKD.NET го задржува правото, да модифицира или замени било кој дел од овој правилник. Ваша одговорност е да го проверувате периодично за промени. MKD.NET може во иднина да нуди и нови сервиси преку официјалниот сајт (вклучувајќи нови алатки и ресурси). Вакви нови опции и/или сервиси ке бидат предмет на овој правилник - спогодба.

9. Поништување
MKD.NET може да го забрани вашиот пристап на цел или било кој дел од веб страната во секое време,со или без причина,со или без предупредување, ефективно веднаш. Ако сакате да го поништите овој договор или вашиот MKD.NET профил (ако имате таков), вие можете едноставно да престанете да го употребувате хостинг панелот, или терминирајте го преку контролниот панел. MKD.NET го задржува правото да го терминира својот сервис при решение на MKD.NET тимот. Вашиот корисник ќе биде терминиран доколку немате активност 45 денови.


10. Лично Претставување и Гаранција
Вие претставувате и гарантирате дека со вашето користење на хостингот од MKD.NET ќе го почитувате правилникот и сите постоечки закони и прописи. И вашето користење на хостинг услугата нема да прекрши или присвои интелектуална сопственост на 3ти лица.

11. Злоупотреби
Сите злоупотреби треба да бидат пријавени до нас веднаш преку тикет системата. Во ваков случај кога го прекршиш правилникот, задолжително треба да се согласиш дека ние можеме да ти го прекинеме правото на користење на услугата. При ваков случај, ние ќе објавиме на вашиот поддомен дека сте го прекршиле нашиот правилник за користење на услугата.


Powered By:
Designed By: